Пред Форумот на жени, мир и безбедност во вторник се одржа протест со барање веднаш да се прогласи вонредна состојба. Протестот во вторник доаѓа по убиството на жена во Пеќ, што се случи само четири дена по уште едно убиство во Урошевац.
Во вторникот една жена беше убиена во Пеќ. За случајот уапсен е нејзиниот сопруг. Во петокот во Урошевац, уште една жена била застрелана од нејзиниот поранешен сопруг.
Во акција пред просториите каде што се одржува оваа трибина се протестираше со повикот веднаш да се прогласи вонредна состојба.
Лиридона Сијарина од Косовскиот центар за родови студии рече дека побарале да влезат на Форумот и да се соочат со претседателот и да му кажат дека треба итно да се свика состанок на Советот за безбедност и да се прогласи вонредна состојба.
ВИДЕО:
„Сепак, она што го видовме беше ужасен пристап на државата. Ни беше забранет влезот и ни се однесуваа како криминалци. Она што ни беше кажано од обезбедувањето и од полицијата е дека претставуваме безбедносен ризик и тие не пуштија и не следеа до излезот третирајќи не како што треба да се третираат мажи кои убиваат и малтретираат жени. Ова го покажува лицето на државата која нè третира како активисти како опасност и тоа е загрижувачко“, изјави таа за новинарите.
Сијарина ја повика државата „да не се занимава со активистите, туку со проблемите на општеството“.
ВИДЕО: