Во Инфективната болница во Тирана почина 75-годишен пациент. Пациентот пристигнал во болница во тешка состојба, боледувал од постцеребрално крварење, дијабетес и хипертензија.
Пациентот со иницијали АЦ беше тестиран и позитивен на Ковид-19, а неговата здравствена состојба веднаш се влоши.
Според Министерството за здравство на Албанија, и покрај напорите на лекарите од Инфективната болница да му помогнат во рекордно време, пациентот не успеал да преживее.
Сега, бројот на починати во Албанија од Ковид-19 е 17.