Копретседавачите на Набљудувачката група на НАТО во американскиот Сенат, демократот Жан Шахин и републиканецот Том Тилис, во вторникот ја изразија својата посветеност на мирот и стабилноста на Западен Балкан и разговараа за начините на кои САД можат да ги поддржат аспирациите на земјите од регион за членство во Европската Унија.
Своите позиции двајцата сенатори ги искажаа преку соопштение за медиумите, по средбата што ја одржаа во Вашингтон со премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи на Црна Гора, Филип Ивановиќ, кои се таму за Самитот на НАТО.
Сенаторите го ценеле придонесот на овие земји во НАТО, нивната континуирана поддршка за Украина и нивната улога кон регионалната стабилност.
„Имаме можност да ја покажеме нашата посветеност на Западен Балкан со поддршка на напредокот на секоја од овие земји кон членството во ЕУ - што ќе му помогне на нашиот трансатлантски сојуз да постигне регионална и глобална стабилност“, рече сенаторот Шахин.
„Регионот на Западен Балкан е критичен за безбедноста на Европа и како копретседавачи на Набљудувачката група на НАТО во Сенатот, јасно ставивме до знаење дека САД се посветени на спротивставување на тоталитарните режими“, рече сенаторот Тилис.
На средбата учествуваа и републиканските сенатори Мајк Раундс, Џери Моран и Пит Рикетс, јавува Гласот на Америка. /REL
-
Ентузијазам во Косово, страв во Србија поради иницијативата на американските конгресмени
-
Коњуфца: Косово е подготвено да придонесе за регионалната безбедност
-
Тројца американски конгресмени предложија резолуција за поддршка на членството на Косово во НАТО
-
НАТО за алијансата Косово-Албанија-Хрватска: Тие придонесуваат за регионалната стабилност
-
НАТО вели дека ги следи загрижувачките трендови во Западен Балкан