Секторот за преработка на храна, според Клубот на производители, е најголемиот корисник на данокот од 100 отсто што Владата на Косово го воведе за целиот увоз од Србија и Босна и Херцеговина.
Претставниците на бизнисите во Косово велат дека во текот на целата година откако е воведен данокот, производствените компании пријавиле дека ги зголемиле капацитетите, ги прошириле своите активности и го зголемиле бројот на работници.
Астрит Панџа, извршен директор на Клубот на продуценти, за Радио Слободна Европа вели дека падот на конкуренцијата од Србија влијаел одредени производствени сектори да имаат корист од наметнувањето на данокот од 100 проценти.
„Влијанието беше повеќедимензионално во однос на придобивките што ги имаа производителите од воведувањето царина од 100 отсто за Србија. Има многу сектори кои имаат бенефит, би го издвоил секторот за преработка на храна, безалкохолни пијалаци, нафта и многу други. Исто така, раст има и во секторот преработка на дрво и во секторот за преработка на пластика. Тоа беа сектори кои имаа конкуренција од Србија“, вели Панџа.
Србија пред воведувањето на царината беше најголемиот извозник на производи во Косово. Увозот на производи од Србија беше насочен кон прехранбената индустрија, но имаше и други сектори.
Оваа земја пред 21 ноември 2018 година во текот на еден ден на Косово извезла стока во вредност од околу 1.2 милиони евра или повеќе од 360 милиони евра за една година. Данокот го намали увозот од оваа земја за 99 отсто.
исто така
ГАП: Тарифата од 100 отсто ги зголеми цените на прехранбените производи во Косово
Во анкетата на Клубот на производители со бизнисите, вели Панџа, дел од производствените бизниси ја зголемиле вработеноста и до 30 отсто, а ги прошириле и активностите.