Главниот обвинител Решат Милаку денеска изјави дека случајот „Пронто“ најверојатно нема да влезе во регистарот на таргетирани случаи на корупција, што е услов за визна либерализација, пишува „Коха диторе“.
Тоа е затоа што, како што рече, има повеќе услови за запишување во регистарот на корупција. Прво, за корупција мора да има материјална штета или можност за конфискација на имот. Во овој случај, нема такви елементи. Но, Комисијата ќе го оцени ова, рече Милаку.