Албанскиот премиер Еди Рама ги објави имињата на новиот владин кабинет за време на состанокот на Собранието на Социјалистичката партија во четврток во Тирана.
Рама се подготвува да го започне својот четврти мандат како премиер.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеТој објави дека Нико Пелеши ќе биде претседател на Собранието, додека Клодијана Спахиу ќе биде заменик-претседател. Таулант Бала ќе ја предводи пратеничката група на СП.
Составот на владиниот кабинет „Рама 4“:
Вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика - Белинда Балуку.
Министерство за внатрешни работи – Албана Кочиу
Министерство за Европа и надворешни работи – Елиса Спиропали
Министерство за финансии – Петрит Малај
Министерство за животна средина – Софјан Јаупај
Министерство за култура, туризам и спорт – Бленди Гонџа
Министерство за образование и спорт – Мирела Кумбаро
Министерство за здравство – Евис Сала
Министерство за економија и иновации - Делина Ибрахимај
Министерство за правда – Бесфорт Ламалари
Министерство за одбрана – Пиро Венгу
Министерство за земјоделство – Андис Сала
Министерство за локална самоуправа - Ервин Демо
Министерство за односи со Парламентот - Тони Гогу.