Во втора објава на Фејсбук попладнево во врска со протестот во Хаг, албанскиот премиер Еди Рама рече дека не се бара ништо повеќе од правда за Косово и ослободителите.
„Правда, правда, само правда, ништо повеќе од правда и ништо друго освен правда, за Косово и неговите ослободители“, напиша Рама.
Рама пред почетокот на протестот во Хаг: Таму сум со срце и ум
Албанскиот премиер Еди Рама го поддржа протестот во Хаг, во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Кратко пред почетокот на протестот, додека демонстрантите се собираа на локацијата каде што беше закажано да се одржи, напиша Рама на Фејсбук, испраќајќи порака до поранешниот претседател Хашим Тачи.
„Слободата има име, со срце и ум сум таму денес како командант. Слобода за ослободителите“, напиша Рама.
Протестот во Хаг се одржува еден ден пред почетокот на сослушувањето на сведоците на одбраната. Друг протест се одржа во април 2023 година, кога започна судењето.