Премиерот на Албанија, Еди Рама, пред почетокот на осмиот самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ерменија, изјави дека Европската Унија која не е комплетна е послаба и поранлива.
Тој го нарече самитот можност за споделување на заеднички амбиции и грижи.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Тоа е уште еден самит, Самит на Европската политичка заедница и уште една можност да ги споделиме нашите заеднички амбиции и грижи. Во меѓувреме, ова е уште една одлична шанса да видиме колку можеме да направиме заедно и колку е важно да се движиме напред со обединувањето на Европа. Треба да видиме што навистина стои зад тоа, а во меѓувреме е јасно дека како што стојат работите, НАТО треба повеќе да се потпира на европскиот дел. Европската унија што не е комплетна е послаба и поранлива од Европската унија што е комплетна“, рече тој. /Tch