Градоначалникот на општина Гњилане, Љутфи Хазири, беше домаќин на претставници на Здружението на албански бизниси во Велика Британија на чело со Артан Љабјани, јавува општинската прес-служба, пренесува Коха.нет.
Тема на средбата беше координација и создавање можности за соработка на косовските бизниси со оние од Велика Британија, за извоз на стоки произведени во Гњилане и Анаморава.
Ова го изрази градоначалникот на општина Гњилане по средбата што ја имаше во неговиот кабинет со иницијаторите на оваа програма за соработка.
„Многу сме им благодарни на нашите сонародници кои и кога се во странство, но и кога доаѓаат на Косово, се посветени на развојот и изградбата на оваа држава на сите можни начини“, заклучи градоначалникот Хазири.
Во име на делегацијата говореше Артан Љабјани, претседател на Здружението на албански бизниси во Англија, кој Гнилане го оцени како место со големи можности за извоз за потребите на пазарот во Англија, бидејќи, како што рече, има квалитет во производство и располага со капацитети кои го овозможуваат развојот на оваа соработка.