Градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети, најави дека Приштина вечерва ќе излезе од карантин.
„Приштина вечерва е симната од карантин. Ве молам уште подалеку да не се опуштиме. Колку повнимателно, толку побрзо ќе се олабават сите мерки. И покрај опуштањето, опасноста се уште не поминала. Ова е добра вест! Останатите мерки остануваат на сила. #rriNshpi“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Приштина беше прогласена за карантинска зона на 11 април, откако беа пријавени 20 нови случаи на коронавирус одеднаш.
Во последните денови во Приштина не е забележан ниту еден случај на коронавирус, додека активни се само 21 случај.
Слични статии
-
Тројцата денеска заразени со коронавирус во Приштина, членови на семејството на вчерашниот случај
-
Лицето заразено со коронавирус во Приштина ја напуштило приватна болница
-
Ахмети: Нема повеќе епицентар на епидемијата во Приштина, потребни ни се уште неколку дена за да се опуштат масите
-
Ахмети: Ситуацијата е под контрола, ако продолжиме вака ќе почнеме да се опуштаме
-
Ахмети предупредува на излегување на Приштина од карантинот