Директорот на таканаречената канцеларија за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ изјави дека убедливата победа на Српската листа на изборите во Косово покажала колку е важно српскиот народ да биде обединет.
Тој рече дека доколку не се формира Здружението, тогаш Србите ќе ги напуштат институциите во Косово, пренесува Танјуг.
„Колку беше силна и убедлива победата за Српската листа, нека знаат сите дека и одговорот на српскиот народ и на Српската листа ќе биде силен доколку не се формира Здружението. Доколку ова прашање не се покрене во октомври, тоа ќе биде силен и убедлив одговор. Србите ќе ги напуштат сите институции во северната покраина“, рече Петковиќ на прес-конференцијата.