Демократската партија на Косово реагираше по одлуката на Специјалниот суд да го одложи објавувањето на пресудата во судскиот процес против поранешните водачи на ОВК.
Во одговорот на ПДК се наведува дека ова одложување е доказ дека овој долготраен процес ја изгубил смислата на правдата и станал процес под влијание на политички пресметки.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Најновото одложување е уште еден удар врз нашата верба во правдата и дополнителна неправда кон поранешните водачи на ОВК, кои се држат во притвор околу пет и пол години, претворајќи ја оваа мерка во тивка казна наметната преку повторени одложувања“, се вели во соопштението.
ПДК дополнително апелираше до меѓународната заедница и правосудните институции да не дозволат овој процес да стане пример за неуспех на меѓународната правда.
„ПДК останува цврсто на својата верба во невиноста на поранешните водачи на ОВК и бара конечна одлука, без понатамошно одложување, што ќе овозможи нивно враќање на Косово“, се наведува понатаму во реакцијата.