Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, го прими на средба вршителот на должноста во Американската амбасада, Ану Пратипати. Красниќи објави дека со Пратипати разговарале за изборите на 9 февруари.
„По средбите со дипломатските претставништва во Косово, денеска имав задоволство во седиштето на ПДК да го примим вршителот на должноста во американската амбасада, Ану Пратипати. Отворена и позитивна дискусија за изборите на 9 февруари, почитување на волјата на граѓаните и завршување на процесот на демократски начин - исто како што заслужува Косово“, напиша Красниќи на Фејсбук.
Лидерот на ПДК рече дека на земјата и треба нова, стабилна и одговорна влада.
Красниќи истакна дека САД биле и остануваат стратешки партнер на Косово, притоа заблагодарувајќи им се за поддршката што САД континуирано му ја даваат на Косово во секој чекор од неговото патување.