Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, на 17 август во Брисел ќе има одвоени средби со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александер Вучиќ.
Овие средби ќе се одржат само еден ден пред новата рунда дијалог меѓу Косово и Србија, со посредство на Европската унија.
Според соопштението од воената алијанса на НАТО, Столтенберг прво ќе се сретне со Вучиќ, а потоа и со Курт.
По секоја посебна средба се планира да се одржат медиумски конференции.
Состанокот се одржува неколку недели по тензиите на северот на Косово кога локалните Срби ги блокираа патиштата во Јариње и Берњак, противејќи се на владините одлуки за регистарски таблички и документи.
Со зголемените тензии, НАТО на 31 јули соопшти дека неговата мисија на Косово, КФОР, е подготвена да интервенира доколку стабилноста во земјата е загрозена. Истото го кажа и Столтенберг во разговорот со Вучиќ.
Владата на Косово со интервенција на меѓународните го одложи спроведувањето на одлуките за 30 дена.