Претседателот Вјоса Османи на средба го прими поглаварот на Исламската заедница на Косово, Наим Трнава.
Во соопштението на Претседателството, се вели дека на средбата се разговарало за посветеноста на Исламската заедница во зајакнувањето на меѓународната позиција на Косово, традицијата на меѓурелигиска толеранција и потребата од продолжување на нејзиното негување.
На средбата е истакната виталната улога на сите верски заедници и потребата од заедничка заложба против јазикот на омразата и во корист на толеранцијата, разбирањето и меѓусебното почитување.
Се вели дека претседателот Османи изразил длабока благодарност за напорите на Исламската заедница на Косово (БИК) за дијалог, разбирање и единство меѓу сите верски заедници во Косово.
„Во време кога глобалниот мир и разбирање се поважни од кога било, Косово е гордо што продолжува да одржува високо ниво на толеранција и меѓурелигиска хармонија“, рече Османи.