Претседателката Вјоса Османи, во својата изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана, го повтори повикот за укинување на мерките на Европската унија против Косово.
Таа рече дека е време за конкретни акции во оваа насока, пред дијалогот меѓу Косово и Србија.
„Во врска со дијалогот меѓу Косово и Србија, прво мора да разговараме за укинување на мерките против Косово бидејќи тоа го нарушува кредибилитетот на самата ЕУ. Го побарав тоа синоќа за време на вечерата со лидерите на ЕУ, ќе го побарам и денес, бидејќи тоа би му дало кредибилитет на дијалогот, но Косово е секогаш подготвено да учествува во овој процес“, рече Османи.
„Косово е 100% во согласност со одлуките на ЕУ во врска со надворешната и безбедносната политика“, додаде таа.
ВИДЕО: