Партнерите на владината коалиција бараат начини за усогласување на спротивните ставови во однос на мерката реципроцитет со Соединетите Американски Држави.
Американските дипломати вршат голем притисок врз Владата на Косово за итно отстранување на данокот и истовремено се противат на воспоставување целосен реципроцитет со Србија, предупреди премиерот Албин Курти, пишува денеска „Коха диторе“.
Претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи, за весникот изјави дека се во постојана комуникација со претставниците на САД за да се најде заеднички модалитет во однос на реципроцитет.
„Ние сме во постојана комуникација со претставниците на Соединетите Американски Држави и на крајот ќе најдеме заеднички модалитет, кој е во интерес на нашата земја, во интерес на заштитата на пријателството со САД и нивната улога во ова процес. Тоа е во интерес на дијалогот и најбрзата реализација на договор кој е правно обврзувачки и во исто време со меѓусебно признавање“, изјави Османи во интервју за „Коха диторе“.
(Целиот напис можете да го прочитате денеска во „Коха диторе“)