KOHA.net

Арбери

Османи во Германија, се очекува да се сретне со претседателот и државните претставници

Вјоса Османи на прес-конференција

Фото: Дритон Пачарада

Претседателката Вјоса Османи отпатува во работна посета на Германија, каде што ќе се сретне со претседателот Франк Валтер-Штајнмаер.

Претседателството во вторник соопшти дека Османи ќе има одвоени средби и со германски министри и заменици, како и дека ќе биде говорник на сесијата Лидерски дијалог во рамките на Берлинскиот глобален дијалог, на тема „Преиспитување на одржливоста – одговор на геополитичките промени“.

ќе учествува и на свеченото отворање на Албанскиот фестивал за гастрономија.

„Претседателката Османи, инаку, на покана на претседателот Штајнемиер во септември 2021 година ја оствари официјалната билатерална посета на Германија, каде што беше примена со воени почести. По официјалната билатерална посета, во овој тригодишен период, таа оствари и низа работни средби и телефонски разговори со претседателот Штајнмаер, кој е силен поддржувач на евроатлантската иднина на нашата земја“, се наведува во коминикето.