Претседателката Вјоса Османи во вторник беше домаќин на првиот човек на ЕУЛЕКС, Џовани Пјетро Барбано, со кого разговараше за последните случувања во безбедноста и владеењето на правото, со посебен акцент на северот и на граничната линија со Србија.
Во коминикето се вели дека станало збор и за соработката меѓу институциите на Косово и ЕУЛЕКС, во рамките на мандатот на ЕУЛЕКС за следење, менторство и советување.
„Претседателот Османи ја повтори посветеноста на институциите на Републиката за спроведување на редот и законот, како и јавната безбедност во целата земја“, се продолжува во соопштението.