Претседателката на Косово, Вјоса Османи, му порача на шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, дека ЕУ мора да суди за напорите на Србија да создаде тензии и дестабилизација на северот на Косово.
„Косово исполни правен аспект со спроведувањето на договорот за регистарски таблички од 2011 и 2016 година. Напорите за создавање напнатост и дестабилизација од страна на нелегалните структури поддржани од Србија мора да бидат оценети од самата ЕУ“, истакна Османи на вчерашната средба во Њујорк со Жозеп Борел на неформалната вечера со лидерите на државите од регионот.
Косовската Влада во понеделник ја донесе мерката реципроцитет, не дозволувајќи да пуштаат во оптек автомобили со српски регистарски таблички. Автомобилите со овие регистарски таблички мора да добијат привремени регистерски таблички при влез во Косово, исто како што косовските граѓани со РКС регистерски таблички се должни да ги сменат кога ќе влезат во Србија. Мерката предизвика реакција кај Србите, кои веќе трет ден со автомобили и камиони ги блокираат патиштата во правец на граничните точки во Јариње и Берњак на север. Косовската полиција со дополнителни единици престојува на овој простор.
На средбата на шефовите на регионот со Борел се разговарало за состојбите во регионот и односите на Балканот со ЕУ.
Османи, според соопштението од Претседателството, го потсетил Борел дека Косово ги исполнило сите критериуми за визна либерализација и дека сега останува на ЕУ да ги исполни своите ветувања кон Косово.
Според неа, „Косово е конструктивна страна во процесот на дијалог со Србија, но овој процес мора да заврши со взаемно признавање на сегашните граници и сегашниот правен поредок“.
-
Османи за испадот против Борел: Тоа беше принципиелна реакција
-
ЕУ повторно бара од Косово флексибилност за регистарските таблички и да започне формирање на Асоцијацијата
-
Османи: Меѓународниот фактор да не ја третира Србија како разгалено дете на Европа
-
ЕУ со дипломатска посветеност за намалување на тензиите на северот
-
Русија реагира на реципроцитет на регистарски таблички