Контингент од Албанија се приклучи на мисијата на КФОР на Косово.
Министерот за одбрана Нико Пелеши рече дека со оваа акција Албанија го зголемува својот придонес во воената алијанса.
Пелеши нагласи дека знаејќи ја важноста на КФОР на Косово, албанските сили ќе бидат подготвени да служат за безбедноста.
„Нашето учество во оваа мисија на НАТО е јасен показател за решеноста на Албанија да помогне и да го заштити мирот во регионот. Препознавајќи го големото значење на КФОР, за Косово и за Западен Балкан, нашите вооружени сили се подготвени да служат заедно со нивните меѓународни колеги, потврдувајќи ја нашата улога како извозници на глобалниот мир и безбедност“, напиша тој на Фејсбук.
{галерија}