Едно лице почина во Косово како последица на Ковид-19 во последните 24 часа.
Тоа е прв случај со смртност како последица на Ковид-19 по подолго време.
Косовскиот институт за јавно здравје соопшти дека во последните 24 часа се регистрирани три нови случаи од тестирањето на 69 мостри, а оздравени се 15 граѓани. Бројот на активни случаи е 61.
Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани 272.537 случаи на заразени со Ковид, а 3203 од нив завршиле со смрт. Оздравени се 269.273 граѓани.