Во собраниската Комисија за надзор на Косовската разузнавачка агенција денеска по четврти пат беа поканети челниците на Косовската разузнавачка агенција да известуваат за последните случувања во земјата, поточно за депортацијата на шестмина турски државјани во Турција пред една недела. , но ниту денеска во оваа Комисија не се пријави заменик директорот на КИА, Латиф Меровци.
Но, Меровци со официјален допис побара од наведената Комисија да го одложи овој извештај до расчистување на околностите создадени во КИА.
Додека заменик-претседателката на Комисијата Ганимете Муслиу рече дека Меровци според законот требало да биде денеска да известува за состојбите што се создадени неодамна, бидејќи според неа, Комисијата не можела да изврши контрола, како што рече демократски, врз КИА. На прашањето на медиумите дали КИА моментално е надвор од контрола, таа рече дека не сака да прејудицира за ова, но ќе бидат транспарентни за понатамошниот развој, пренесува кп.
„Не сакам да прејудицирам (дека оваа агенција е надвор од контрола) и да одговарам за овластувања кои не ми припаѓаат, како и за другите институции, не знам дали ви одговориле или не (претседателство и премиер кабинетот на министерот). Ние како комисија не можеме да извршиме демократска контрола врз оваа институција. Случувања ќе има во наредната недела како Комисија, но нема ништо конкретно што можам да одговорам за пошироката јавност денеска. Сепак, навреме ќе бидете известени за какви било активности што ние како Комисија ќе ги преземеме. Ќе бидеме транспарентни“, рече Муслиу.
Таа рече дека Комисијата едногласно одлучила заеднички да се најде начин да функционира како Комисија и да добие одговори од одговорните институции.
„Тоа е четврти пат како покануваме гостин во Комисијата да не информира за последните случувања што се случуваат во државата. Сега знам дека директорката не ги извршува работите на директорот, затоа побаравме, врз основа на закон и со нејзините права, заменик директорката да дојде во Комисијата да не извести, како што бевте информирани, заменик директорот не дојде, бидејќи оваа Комисија едногласно констатира дека како Комисија не можеме да ја развиеме демократската контрола или едноставно правната страна врз КИА. ќе се обидеме врз основа на овластувањата што ги имаме заеднички да најдеме начин да функционираме како Комисија и да добиеме одговори од одговорните институции“, нагласи Муслиу.
По барање на премиерот Рамуш Харадинај, оваа недела шефот на КИА, Дритон Гаши, поднесе оставка од функцијата.