Пратеникот на движењето „Ветевендосје“, Хекуран Мурарти, рече дека во минатото, политичките партии надминале уште поголеми јазови.
Тој рече дека со неучеството во гласањето, пратениците од партиите што беа во опозиција во претходниот законодавен состав го кршат Уставот и одлуката на Уставниот суд, во која според него се наведува дека пратениците се должни да учествуваат во гласањето.
„Колку и да звучи неверојатно, имало над 30 пати кога пратениците од опозицијата дошле во салата и одбиле да ја исполнат својата уставна обврска да гласаат, да учествуваат во гласањето“, рече Мурати, по неуспехот во конституирањето на Собранието.
Тој ја обвини опозицијата за систематски пристап на блокирање кога станува збор за ратификација на меѓународни договори.
„Тоа е договорот со Светската банка кој чека одобрување од мај минатата година, ова докажува дека не станува збор само за конкретно име како што тврди опозицијата, туку за систематска блокада, која датира од претходниот законодавен состав кога тие одбија да ратификуваат меѓународни договори“, рече Мурати.
