Хидрометеоролошкиот завод на Косово предупредува дека времето денеска ќе биде студено. Утрото и ноќта се очекува да бидат голомразица, па се апелира до возачите да бидат повнимателни во сообраќајот.
Минималните температури ќе се движат меѓу -8 и -5 Целзиусови степени, додека максималните дневни се очекува да се движат меѓу 1-2 Целзиусови степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од различни правци.