Министерството за здравство издаде препораки до граѓаните како да се заштитат од високите температури.
Министерството за здравство повика да се пие повеќе вода во текот на денот, да се избегнува сонце во периодот од 10:00 до 16:00 часот и да се користи заштитна крема.
Министерството повика и на редовни паузи доколку работите надвор.
„Знајте ги знаците на топлотната болест: вртоглавица, главоболка, слабост. Телефон за помош: Ако некој покажува знаци на топлотен удар. Прва помош: Ставете го лицето под сенка, понудете вода и освежете го телото“, се наведува во препораките на Министерството за здравство.