Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Маас денеска ќе го посети Косово. Според портпаролката на германското МНР, Марија Адебахр, Маас ќе разговара со претставниците на Косово, а потоа и на Србија, и за дијалогот и нормализацијата на односите.
Шефот на германската дипломатија денеска околу 14 часот ќе пристигне на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина каде ќе го пречека министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала - Шварц.
Потоа, германскиот дипломат околу 15 часот ќе биде примен од претседателот на Косово, Вјоса Османи, а во 00:16 часот од премиерот на Косово, Албин Курти.
Маас околу 17 часот ќе оствари средба со министерката за надворешни работи Доника Гервала.
Во петок Хајко Маас ќе го посети Белград.