Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави дека сите членки на Европската унија мора да ја признаат независноста на Косово.
Од 27-те членки на ЕУ, независноста на Косово сè уште не е призната од Шпанија, Кипар, Словачка, Романија и Грција.
„Сите услови за државјанство и целосно меѓународно признавање на Косово се исполнети, а особено Косово треба да биде признато од сите членки на Европската унија кои се уште не го сториле тоа“, рече Милановиќ, по средбата што ја имаше со премиерот на Косово во петокот во Загреб.
Тој додаде дека Косово има целосна поддршка од Хрватска на патот кон членство во сите меѓународни организации.
Милановиќ нагласи и дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е неопходна бидејќи тоа би значело поголема стабилност во Југоисточна Европа, „што е и во хрватскиот национален интерес“.
Курти претходно се состана со премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на парламентот Гордан Јандроковиќ.