Дел од наставниците во училиштето „Хасан Приштина“ во Приштина во вторникот наутро протестираа блокирајќи го патот пред оваа образовна институција.
Протестот се одржа поради незадоволството на наставниците од Општина Приштина, која делот пред училиштето за управување го отстапи на јавното претпријатие „Приштина паркинг“.
Со ова, секое паркирање бара плаќање и времето е ограничено.
Наставниците се пожалија дека ни службениците од Дирекцијата за образование во општина Приштина не им дозволуваат да ги паркираат автомобилите во училишниот двор.
Ќе се обидеме да разговараме, да најдеме решение“, изјави наставничката Мерита Ахметај.
Таа во ова училиште доаѓа од Чаглавица.
„Немам шанси да дојдам на време на училиште, имам и повредена нога. Затоа, автомобилот е единственото решение за превоз. Но, проблемот е паркирањето. Ја повикувам општината да излезе со решение“, додаде таа.
За време на протестот, кој траеше околу половина час, голем број граѓани ја изразија својата фрустрација поради блокирањето на патот.