KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
Арбери

Мемли Красниќи по втор пат е заразен со коронавирус

Претседателот на Демократската партија на Косово, Мемли Крансиќи, по три тестови е позитивен на Ковид-19. Ова е втор пат тој да се зарази со коронавирус.

Красниќи ја потврди веста преку објава на Фејсбук, велејќи дека досега има благи симптоми, исти како членовите на неговото семејство. Тој додаде дека е вакциниран со двете дози.

„Пред неколку дена, членовите на моето семејство беа позитивни на Ковид-19. По третиот повторен тест и јас денеска бев позитивен. Досега имам благи симптоми, исти како Мелиза и децата. Во наредните денови ќе ја продолжам изолацијата и ќе ги следам препораките на ИКШПК. Иако го преболев Ковид-19 во есента 2020 година и потоа примив две дози од вакцината, не поминаа ниту 6 месеци од втората вакцина, сега се соочувам со втората инфекција од овој коронавирус“, напиша Красниќи.