Косовскиот премиер Албин Курти во Брисел побара да се укинат мерките на Европската унија и Косово да добие статус на земја кандидат. Тој во четвртокот беше дел од работниот ручек со лидерите на Западен Балкан, поканет од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Курти рече дека проширувањето на Европската унија, особено по руската воена агресија во Украина, е најдобриот одговор за сите оние кои го загрозуваат мирот и единството на Европа.
Во овој контекст, Курти побара да се разгледа апликацијата на Косово во Европската унија и на Косово да му се даде прашалникот и статусот на земја кандидат за членство, соопштија од кабинетот на премиерот преку коминике.
Истовремено, тој побара да се отстранат рестриктивните мерки за Косово, кои ги нарече неправедни и нефер.
Во однос на Планот за раст, Курти изјави дека Косово е една од првите земји што ја поднела Реформската агенда, со што ја покажала својата посветеност на Планот за раст. ОПМ понатаму наведува дека Курти ја потврдил поддршката за Берлинскиот процес, нагласувајќи ја важноста од целосна имплементација на четирите договори за мобилност потпишани во 2022 година во Берлин.
„Други прашања на кои премиерот разговараше за време на ручекот беа Програмата за транспорт и олеснување, уникатниот дигитален пазар, Заедничката европска платежна област (SEPA), Заедничкиот регионален пазар и регионалната соработка и безбедност“, се вели во коминикето.