Некогаш тоа беше почит на Кадри Весели, но, за некои личности на ПСД, од понеделник ААК се претвори во партија на надеж за Косово.
Кога беше организационен секретар на Ветевендосје, Дардан Моликај, тој постојано ја обвинуваше ААК и особено Рамуш Харадинај за поврзаност со организираниот криминал, јавува КТВ.
Но, неколку години по овие изјави, Моликај го опиша сојузот со ААК како „почеток на голема победа“.
Сојузот со Рамуш Харадинај, кој своевремено го нарекуваше милионер, Моликај го оцени како коалиција која ќе ја надмине сиромаштијата и нееднаквоста.
Не само Молиќај, туку и други функционери на ПСД, постојано упатија бројни обвинувања против ААК.
Пратеникот на оваа партија Фрашер Красниќи во 2016 година ААК ја нарече „аргат на Кадри Весели“.
Но, сите овие обвинувања, сега за нивниот коалициски партнер, ПСД ги оценува како надминати и политички позрели отколку кога беа дел од Ветевендосје.
Ваквите коалиции на партии со различни програми и ориентации, според Артон Демхасај, од организацијата „Чоху“, не се природни и се базираат само на нивните пресметки и придобивки.
Според договорот за предизборна коалиција меѓу ПСД и ААК, носител на изборната листа, а воедно и кандидат за премиер ќе биде Рамуш Харадинај.