KOHA.net

Арбери

КТВ: Харадинај не му се извини на Бернабиќ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај не и се извинил на српската премиерка Ана Бернабиќ, како што вчера тврдеа белградските медиуми.

КТВ дознава дека Харадинај на својот српски колега му изразил жалење за неисполнувањето на договорите од двете страни, што влијае на добрососедството меѓу земјите.

Харадинај на Самитот во Лондон ја изрази загриженоста на Косово за притисокот и заканите што Владата на Србија ги упатува кон српските припадници на КБС да ја напуштат оваа сила.

Харадинај за КТВ изјави дека акцијата за апсење на Србите ја спровеле органите на правдата по информациите што ги добиле за заканите.