За над 18.3 отсто поголема е вредноста на трговскиот дефицит во јули годинава во однос на истиот период лани. Во отсуство на производство, Косово увезе стоки во вредност од 309 милиони евра или 12.3 отсто повеќе од јули минатата година, пишува денеска „Коха диторе“.
Според податоците на Агенцијата за статистика на Косово, објавени во петокот, годинава е забележан пад на извозот за 25 отсто, при што се извезени само 28.7 милиони евра.
Во објавениот извештај се наведува дека трговскиот дефицит во однос на истиот период од 2017 година, поточно во износ од 280.2 милиони евра, наспроти дефицитот од 236.9 милиони евра во 2017 година. Според КАС, извозот го покрива увозот за 9.3 отсто.
Главниот увоз на Косово е од земјите на Европската унија. Во текот на јули, Косово увезе стоки во вредност од 126.6 милиони евра или 41.0 отсто од вкупниот увоз, што бележи пораст од 6.7 отсто... (прочитајте повеќе денеска во „Коха диторе“)