Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го отвори 15. состанок на Министерскиот совет на Енергетската заедница, на кој ја изрази посветеноста на Владата за изготвување политики за интеграција на регионалниот пазар на електрична енергија.
Премиерот во оваа прилика рече дека максимално се ангажирани за усогласување на законската регулатива со директивите на Европската унија и за имплементација во пракса, барајќи за ова поддршка од Европската комисија.
На оваа средба Харадинај најави и постигнување договор за изградба на термоцентралата „Косова е Ре“ за која рече дека вредноста на оваа инвестиција е 1 милијарда и 300 милиони евра, а со ова и стабилна енергија ситуација ќе биде обезбедена, пренесува екс.
„Актуелните предизвици со кои се соочува Косово, ограниченоста во управувањето со енергетските текови на регионалниот пазар и неработењето на линијата Косово – Албанија од 400 киловати, мора да најдеме решение, со придонес на сите нас заедно, и Верувам дека за ова ќе добиеме поддршка од сите. Усогласувањето на директивите на ЕУ со законодавството на договорните страни е неопходен чекор. Имплементацијата во пракса бара многукратно поголема посветеност. Свесни сме за тоа и сме максимално ангажирани, но сепак ја бараме вашата поддршка, со посебен акцент на поддршката од Европската комисија“, рече Харадинај.
Тој рече дека успехот во формирањето на енергетскиот пазар е предуслов и гаранција за интеграција на другите пазари во рамките на Берлинскиот процес.
„Би сакал да завршам со една вест која сите веќе ја знаете. Косово постигна договор со сериозен приватен инвеститор за инвестирање во енергетиката, за нова термоцентрала од 500 мегавати и која е инвестициска вредност од 1 милијарда и 300 милиони евра и која започнува со реализација од следната година. Со ова веруваме дека ќе создадеме стабилна енергетска ситуација на Косово, а во исто време ќе напредуваме во чиста енергија бидејќи технологијата со која сега произведуваме енергија е рана технологија и не е пријателска за животната средина“, рече тој.
Кристофер Џонс, претставник на Европската комисија, зборуваше за обновливите извори на енергија, покажувајќи колку придобивки им донела на земјите од Европската унија.
„Во ЕУ се развива метод за зголемување на работните места, Имаме повеќе од 1 милион луѓе кои работат во обновливи извори на енергија во Европската унија. Имаме речиси 1 милион луѓе кои работат во енергетска ефикасност. Европската комисија понуди грантови за 144 милиони евра, а згора на тоа, во рамките на инвестициите во Западен Балкан, досега дадовме 54 гранди за 100 и нешто милиони. Денес, исто така, започнуваме процес кој го одржува Комитетот за енергетика во тек со глобалните случувања и гарантира дека Енергетската заедница е мотор за раст и просперитет во регионот. „Долгорочната визија која создава јасни сигнали за економијата е од суштинско значење за да се создаде оваа можност за живот. Оваа работа ќе ги олесни и поттикне потребните инвестиции кои се добри за бизнисите, животната средина и потрошувачите“, рече Џонс.
Инаку, Косово денеска беше домаќин на состанокот на XV Министерски совет на Енергетската заедница.
Петнаесеттиот Министерски совет на Енергетската заедница ги обединува министрите одговорни за енергетика на деветте договорни страни од Договорот за енергетска заедница; Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Поранешна Југословенска Република Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Украина и Европската Унија.
TKE во оваа сесија ќе се фокусира на општите случувања на енергетските политики, новото европско енергетско законодавство, годишниот извештај за активностите на TKE и буџетот за 2018-2019 година.