Три собраниски комисии во понеделникот го одржаа својот конститутивен состанок.
Комисиите кои се конституирани се: онаа за внатрешни работи, безбедност и надзор на КБС, Комисијата за земјоделство, шумарство, рурален развој, животна средина и просторно планирање и Комисијата за права, интереси на заедниците и враќање, пишува денеска Коха диторе. .
Претседател на Комисијата за внатрешни работи ќе биде Хаџи Шала, додека комисијата ќе има уште 9 членови. Прв потпретседател на оваа комисија ќе биде Реџеп Селими од Движењето Ветевендосје, додека втор потпретседател Зоран Мојсиловиќ од Листа Срби.
На оваа средба се разговараше за известувањето на министрите во оваа комисија, каде беше одлучено следната недела да биде поканет министерот за внатрешни работи Фламур Сефај. (Повеќе можете да прочитате во денешниот број на Коха Диторе)
Весникот Коха Диторе можете да го прочитате и на интернет. Овде можете да најдете појаснување за тоа како да се претплатите.