Командантот на мисијата на НАТО во Косово, КФОР, генерал-мајор Оезкан Улуташ, во вторник го прими на средба новоименуваната канцеларија на ЕУ во Косово, Аиво Орав.
Улуташ и Орав разговараа за последните случувања во Косово.
Во соопштението на КФОР се наведува дека соработката НАТО-ЕУ е клучна за стабилна безбедност на Косово и за регионална стабилност.
„Командантот ја повтори непоколебливата посветеност на КФОР за продолжување на соработката со Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС) и целосна поддршка за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ“, продолжува во соопштението.