Гласањето за членство на Косово во Интерпол се очекува да биде одложено за оваа година, слично на минатогодишното сценарио. Во изјава за весникот, вршителот на должноста министер за надворешни работи, Емануел Демај, рече дека некои од земјите партнери на Косово веќе неофицијално побарале гласањето да се одложи за уште една година, до Генералното собрание следната година., пишува денеска „Коха диторе“. .
„Постои можност гласањето да се одложи за следната година. Земјите кои го поддржуваат Косово побараа гласањето да се одложи. Но оваа информација се уште не е официјална и официјално ќе се знае пред состанокот на Генералното собрание на Интерпол“, изјави Демај за весникот.
Иако не се јасни причините, министерот Демај демантира дека и да се случи такво нешто, тоа е поради недостиг на гласови...
(Целиот напис можете да го прочитате во денешниот број на Коха Диторе)
Весникот Коха Диторе можете да го прочитате и на интернет. Овде можете да најдете појаснување за тоа како да се претплатите.