Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, го назначи Имри Демелез за вршител на должноста министер за земјоделство, шумарство и рурален развој. Според соопштението од кабинетот на премиерот, Демелез ќе го замени досегашниот министер, Фатон Пеци, откако Пеци беше избран за градоначалник на Јужна Митровица и се очекува да положи заклетва утре, 12 декември.
Фатон Пеци, исто така, преку социјалната мрежа Фејсбук објави дека ја предал функцијата министер за земјоделство, заблагодарувајќи му се на вршителот на должноста премиер Албин Курти за поддршката.
„Денес му ја предадов функцијата министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на г-дин Имри Демелези, на кого му посакувам успех и просперитет во одговорностите што го чекаат. Изразувам посебна благодарност до премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти, за коректноста, поддршката и одличната соработка што ја имавме“, напиша Пеци.