Директорот на Хидрометеоролошкиот институт на Косово (ИХМК), Бесим Алиу, изјави дека во последните денови максималните температури достигнале 38.2 степени Целзиусови, додавајќи дека Призрен е град со највисока температура во земјата.
Тој во понеделник во „60 минути“ на КТВ изјави дека во наредните денови ќе има врнежи од дожд и пониски температури.
„Ваквата состојба на температури ќе продолжи и утре, до 39 Целзиусови степени, но во среда и четврток ќе имаме поројни дождови и изолирани врнежи од дожд во планинските предели. Во четврток и петок врнежите ќе се зголемат и ширењето на врнежите ќе биде поголемо на територијата“, рече Алиу.
Тој додаде дека високите температури биле позитивни за земјоделците поради жетварскиот период, бидејќи според него ова топло време е добредојдено за земјоделството.
„Јули ќе биде потопол од август, во Косово просечната годишна температура е околу 11 Целзиусови степени...Синоќа температурата беше над 20 степени Целзиусови, првпат се забележани тропски ноќи. Постепено со минувањето на топлиот фронт ќе дојдат посвежи денови, а температурите ќе се намалат до 4 степени“, рече првиот човек на ИХМК.
Али додаде дека овие температури се нормални „бидејќи сме во летна сезона“.