Косовскиот премиер Авдулах Хоти денеска во Париз ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Официјалниот прием се одржува исклучиво за премиерот на Косово во Елисејската палата во Париз и со него се покажува грижата и посветеноста на претседателот Макрон кон Косово и неговата евроатлантска иднина.
Оваа средба доаѓа пред продолжувањето на дијалогот каде Хоти ќе седне со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел во присуство на високиот претставник Жозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Миролав Лајчак.