Вршителот на должноста премиер на Косово, Авдулах Хоти, на прес-конференција рече дека ќе ја прифати одлуката на Уставниот суд кој Владата Хоти ја прогласи за неуставна.
„Одлуката на Уставниот суд беше објавена во јавноста. Целосно го прифаќам и ќе го почитувам без никакво прашање. За оваа одлука на Уставниот суд нема да давам изјави. Мило ми е што уставникот го појасни. Владата останува на функција се додека не се избере нова влада. Ќе продолжиме со нашата работа. Уставна обврска е да се следат процедурите за распишување избори. Ќе ги исполниме нашите обврски. Ги уверувам нашите граѓани и партнери, бизниси, ќе бидеме на врвот на нашите обврски, особено во справувањето со состојбата со пандемијата“, рече Хоти.
Хоти повика и да не се распушта Собранието без да се изгласа Буџетот за 2021 година.
„Ни претстои важна работа, вклучително и буџетот. Повикувам Собранието да не се распушта без да се изгласа буџетот за 2021. Дел од буџетот е заснован на неколку меѓународни договори. Бидејќи Собранието го одобрува буџетот и овие меѓународни договори. Ќе ја продолжиме работата според планот, како влада. Ќе го имплементираме пакетот за економско заздравување и во јануари очекуваме да продолжиме со пакетот за 2021 година. Сите министерства ќе продолжат да работат според државната агенда, нема да се остави работа“, рече Хоти.
Хоти рече и дека ќе има консултации во Демократската лига за да се дојде до име на претседателски кандидат.