Градоначалникот на општина Гњилане, Љутфи Хазири, побара правда за Агон Муслиу, кој трагично го загуби животот во студентскиот центар, кој минатата година беше претворен во карантин за заразените со Ковид-19.
Хазири преку објава на Фејсбук порача дека Косово трагично загубило момче кое потенцијално би било иднината на Косово.
„Денес една година Косово трагично загуби млад човек, кој потенцијално би можел да биде иднината на Косово. Агон Муслиу беше одличен магистер кој штотуку ги започна своите чекори за профилирање во Германија. Повторно барам од органите на правдата оваа црна дамка на Косово на почетокот на пандемијата да се расчисти до крај. Бараме правда за Агон. На Косово, Гњилане и особено на неговото семејство им треба правда“, пишува Хазири.
-
Хазири тврди дека не бил свесен дека Агон Муслиу има психички проблеми
-
Хазири инсистира случајот со Агон Мусли да не се политизира
-
Смрт во карантин: Таткото на Агон Мусли го обвинува премиерот Курти и неговите двајца министри
-
Хазири состојбата со Ковид-19 ја нарекува алармантна, апелира на вакцинација
-
Хазири бара вакцинација 24 часа на ден, 7 дена