Новата претседателка на Парламентот на Косово, Албулена Хаџиу, изјави дека ќе ја возврати довербата што ѝ е укажана да ја преземе оваа позиција со секојдневна работа, транспарентност и целосна посветеност.
Во својот говор по преземањето на функцијата, таа рече дека ќе се стреми да обезбеди секој пратеник да го пронајде својот простор со исто достоинство и почит.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Денес ја преземам оваа задача со целосна свест за уставната тежина што ја носи. Ќе ја почитувам оваа доверба со секојдневна работа, транспарентност и целосна посветеност. Моја должност ќе биде да обезбедам Собранието да функционира со достоинство, транспарентност и меѓусебно почитување, во согласност со Уставот, законите и парламентарните практики. Ќе се залагам секој од вас да го најде својот простор тука со исто достоинство и почит, бидејќи функционалното Собрание е предуслов за силна држава и стабилна демократија“, рече таа.
Хаџиу вети дека „ќе ја извршува должноста претседател со непристрасност, интегритет и целосна институционална посветеност“.