Претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, изјави дека очекува пратениците да ја исполнат својата одговорност и процесот на претседателски избори да биде успешно завршен.
Хаџиу, во објава на Фејсбук, им честиташе на премиерот на Косово, Албин Курти, и на новиот владин кабинет.
„Со денешните избори, Република Косово сега има Собрание и Влада. Останува уште еден важен чекор за комплетирање на институциите, а тоа е изборот на претседател на Републиката. Очекувам пратениците да ја исполнат својата уставна одговорност и овој процес да биде успешно завршен. На Косово му се потребни силни, функционални и стабилни институции, а не нови чекања и одложувања“, напиша Хаџиу на Фејсбук.