Даут Харадинај, заменик на ААК, гласањето во Комисијата за безбедност за законите со кои КБС се трансформира во војска на Косово го нарече големо достигнување.
Харадинај во Интерактив на КТВ изјави дека оваа иницијатива е преземена заедно со меѓународните сојузници, бидејќи не можеле повеќе да чекаат.
„Ако можам да се повикам на тоа дека во комисијата имаше претставници на ВВ, ЛДК и ПСД и сите беа едногласни во поддршката на овие закони. Нема логика албанскиот пратенички субјект да гласа против. Тоа е војската на Косово. Мислам дека тоа е големо достигнување на Косово. Не треба да чекаме. И кај српската заедница има и уставни измени, но не чекавме во овие околности. Ставот на Српската листа беше дека го чекаме Здружението, но решени сме да го истуркаме овој процес со нашите сојузници. Имавме иницијатива и во времето на Мустафа, но не успеа. Добивме и предлози од сојузниците да не брзаме и благодарни сме што 2018 година го затвора Косово со дополнителна единица и заокружување на Уставноста. Во иднина се надеваме дека и самата српска заедница ќе сфати дека тоа е и за нивна корист. Ќе бидеме сојузници со НАТО и подготвени за мирни мисии. Косово немаше да дејствува доколку немаше усогласување на ставовите“, рече Харадинај.
Според Харадинај, НАТО и САД сакале уставни измени, но дале сигнали дека не треба повеќе да чекаат и да продолжат понатаму.
„Ги разбираме и позициите на НАТО и на САД, тие сакаа уставни промени, но истиот сигнал е даден дека Косово не може да чека бесконечно со оглед на околностите. Никого не обвинувам зошто до сега не се случило, но мислам дека тоа го постигнаа сите граѓани“, изјави понатаму тој.
-
Косово одлучи да формира армија
-
Харадинај повторува дека за војската на Косово ќе се гласа на 14 декември
-
Трансформацијата на КБС во Армија продолжува и покрај предупредувањето на НАТО
-
Харадинај вели дека за Армијата ќе се гласа следната недела
-
Харадинај: Секое движење во врска со формирањето на Армијата во хармонија со сојузниците