Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, се сретна со новиот амбасадор на Европската унија во Косово, Аиво Орав, со кого рече дека разговарале за потребата од напредување кон европските интеграции.
Харадинај на Фејсбук напиша дека Косово треба да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции, додавајќи дека „ААК е ангажирана во интеграциската агенда“.
Според шефот на опозициската партија, патувањето на Косово треба да кулминира со членство во НАТО и во Европската унија.
„Денеска му посакав добредојде на амбасадорот на ЕУ во Косово, г. Аиво Орав. Му посакав добредојде на амбасадорот во нашата земја, како и ја изразив потребата за унапредување на нашата земја кон интеграциите во ЕУ. Како Алијанса, ја потврдив нашата посветеност на интеграциската агенда и поддршката за неопходните реформи што нашата земја мора да ги истурка напред. Нагласив дека Косово треба да се врати на својот курс кон евроатлантските интеграции. Ова патување треба да кулминира со членство во НАТО и ЕУ“, се вели во статусот на Харадинај.