Германскиот амбасадор во Косово, Рајнер Рудолф, ги пренесе своите честитки за конституирањето на косовското собрание и за реизборот на Албин Курти за премиер. Неговите честитки ги пренесе и германскиот заменик-амбасадор Кристијан Бочер.
Во соопштението од германската амбасада во Косово се наведува дека Германија очекува дополнително продлабочување на соработката со Косово во многу области, особено кон евроатлантската интеграција.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Надоградувајќи ги блиските и единствени односи меѓу Косово и Германија, со нетрпение очекуваме да продолжиме и понатамошно продлабочиме нашата билатерална соработка – во областите на економијата, безбедноста, политиката и одржливиот развој. Косово има не само пријател, туку и силен и сигурен партнер во Германија“, се вели во објавата на Амбасадата.