Франкофонскиот инвестициски форум го организираше Франкофонскиот бизнис клуб во Косово. Жулиен Рош, претседател на француската стопанска комора во Албанија, истакна дека неговиот прв контакт во Косово бил многу тежок во 1999 година, пишува „Коха диторе“.
„Неколку дена по војната ме пречекаа руски војници кои ме уапсија. 18 години подоцна, сè уште сум тука бидејќи стекнавме добри пријатели Албанци од Косово и Албанија. Многу полиња се отворени за пазари меѓу француски и албански компании“, изјави Рош.
Според албанските експерти, царинските трошоци се високи и изнесуваат над 250 евра. Во меѓувреме, косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека Косово е земја на можности.
„Косово е држава на законодавство со највисоки европски стандарди. Оваа денешна средба е нова, досега неискористена можност. Денеска сите лидери на Република Косово се тука да ве поддржат. Верувам дека оваа можност ќе се искористи максимално. Оваа организација е најдобриот модел за тоа како може да се разменуваат искуства“.