Владата „Рама IV“ беше формирана со 82 гласа „за“ во Собранието во четврток. Но, како и на првата седница, кога започна постапката, опозицијата ја блокираше говорницата, принудувајќи го претседателот на Парламентот Нико Пелеши да ја прекине седницата, јавува „ТопЧенел“.
На оваа седница, 140 пратеници требаше да зборуваат по 10 минути, а се очекуваше седницата да трае до утре. Но, таа беше прекината по 25 минути.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеТензиите започнаа откако премиерот Еди Рама презентираше неколкуминутен говор од виртуелната министерка за вештачка интелигенција, „Диела“.
Според демократите, ова било неприфатливо, бидејќи некои од нив се приближиле до говорницата каде што зборувал Рама, додека стражарите им се спротивставиле. Некои од пратениците на Демократската партија фрлале тетратки кон премиерот Рама.
Петминутната пауза не ја смири ситуацијата. Така, Нико Пелеши ги стави на гласање формирањето на Владата и програмата за следните четири години. Тие беа одобрени со мнозинство гласови.
Дури и првата сесија на 12 септември беше прекината откако подиумот беше блокиран.
ВИДЕО: